Почетокот на две легенди, Меси со 6-месечниот Јамал

На познатата фотографија се наоѓа Меси со тогаш четиримесечниот Ламин Јамал. Меси во тоа време веќе почнуваше да блеска на големата сцена и играше на Мундијалот во 2006 година, додека во Барселона го носеше дресот на првиот тим.

Фотографијата е направена во 2007 година за хуманитарна кампања на каталонскиот весник „Спорт“.

Многумина оваа фотографија ја окарактеризираа како една од најдобрите во историјата на Барселона, а некои на шега коментираа дека Меси ги „пренел своите моќ“ на момчето кое денес е еден од најталентираните фудбалери во светот.

Фотографијата е направена како дел од соработката на „Спорт“ со Барселона и УНИЦЕФ за дизајнирање на хуманитарен календар во кој се вклучени играчите на клубот. Идејата била да се направат фотографии со фудбалерите и мали бебиња.

Така настанала и фотографијата кој сигурно е една од најголемите случајности, бидејќи УНИЦЕФ неколку месеци ги избираше децата во Каталонија кои ќе бидат дел од програмата. На крајот била договорена и лотарија помеѓу избраните кандидати. Исто така не можело да се знае кој играч со кое дете ќе се фотографира и се звучи толку неверојатно како однапред да било запишано во ѕвездите.

Чудото од дете на Барселона веќе забележа 11 настапи и постигна два гола за сениорската репрезентација на Шпанија и важи за еден од најдобрите играчи во светот. Еден од најдобрите играчи на „Фуријата“ вреди 90 милиони евра и игра на позицијата десно крило.