Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ
Foto

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ

Во пресрет на Денот на Армијата на Република Северна Македонија 18 Август, денеска во 10 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши пробна артилериска стрелба со четири поединечни истрели од артилериски орудија, соопшти Генералштабот на АРМ.

Утре, на Денот на АРМ, исто така во 10 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување пет плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

0 Коментари

Остави коментари