Побрз процес за анализи за проверка на квалитетот на течните горива
Foto

Побрз процес за анализи за проверка на квалитетот на течните горива

Граѓаните користат квалитетни нафетни деривати. Се што е пуштено во промет во земјава е согласно прописите, а се што е најдено на царина и во складовите со несоодветен квалитет, не е пуштено во внатрешен промет уверуваат надлежните. 

Оние цистерни пак во кои пред повеќе од една година беше утврдено дека има надминување на параметрите за вода и пепел не се влезени во земјава, а вратен е и сомнителниот мазут пронајден во складовите. Изминативе неколку месеци направени биле над 15 контроли на бензински пумпи низ државата, а од пазарниот инспекторат уверуваат дека бензинот, дизелот, но и мазутот се во рамки на дозволените параметри согласно стандардите. 

„Постојано вршиме контрола на мазутот при увоз во државата заедно со Царинската управа и исто така во периодот кога имаме земено мостри, во два случаја имаме пронајдено дека не соодветствува со квалитетот и преземени се соодветни мерки, меѓутоа во последниот период сите анализи што ги земаме покажуваат дека мазутот е со соодветен квалитет.“ - вели директорка на Пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Отсега наместо за три дена, квалитетот на течните горива во земјава ќе се проверува за само два часа. Министерот за економија Крешник Бектеши вели во промет ќе се пуштаат само горива со проверен квалитет.

„Времето ќе се скрати до два часа што значи дека и економските оператори кои работат со промет на нафтени деривати побрзо ќе ги завршуваат работите и нема да чекаат на граничните премини.“ - изјави Крешник Бектеши министер за економија.

Испитувањата ќе се прават во лабораторијата која работи во рамки на Бирото за метрологија. А седумте мерни инструменти чинеле 24 милиони денари. 

0 Коментари

Остави коментари