Победи за двете водечки екипи во Западната конференција од НБА лигата
Foto

Победи за двете водечки екипи во Западната конференција од НБА лигата

Лидерот на Западот во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес лејкерс и второпласираната Јута забележаа победи над своите ривали во натпреварите одиграни ноќта меѓу вторник и среда.

Резултати:

Индијана – Оклахома сити 111:85

Филаделфија – Кливленд 98:97

Мајами – Детроит 117:108

Чикаго – Њујорк 120:102

Денвер – Атланта 121:125

Феникс – ЛА лејкерс 115:123

Јута – Бруклин 119:114

Сакраменто – Портланд 107:99.

Пласман во Западната конференција: ЛА лејкерс 8-2 (победи-порази), Јута 8-3, Денвер 7-3, ЛА клиперс 7-3, Хјустон 7-3.

Поредок на Исток: Бостон 8-1, Милвоки 7-3, Торонто 7-3, Мајами 7-3, Филаделфија 7-3.

0 Коментари

Остави коментари