Победа за Ботас, предвремена титула за Мерцедес
Foto

Победа за Ботас, предвремена титула за Мерцедес

Валтери Ботас првпат во кариерата се израдува на победа на Сузука, на трката за големата награда на Јапонија. Комбинирајќи го неговиот шести триумф во кариерата со освоеното трето место на Хамилтон, згора на тоа и дополнителниот бод за најбрз круг, Мерцедес освои толку бодови колку што му требаат за математички да ја загарантира титулата во конкуренција на конструктори на четири трки до крајот. Ферари мораше да црпи задоволство од втората позиција на Себастјан Фетал, иако имаше 1-2 на стартот, Фетел пред Леклер. Сепак и едниот и другиот немаа среќа или концентрација во првиот круг. Фетел стартуваше катастрофално, дозволувајќи му на Ботас да го престигне уште во првите метри, а Лаклер предизвика инцидент со Макс Ферстапен од Ред Бул уште во вториот свиок, па ја загуби високата позиција. Притоа Холанѓанецот го извлече подебелиот крај и по некоклу круга се повлече во гаражата. Леклер на крај стигна до шестото место, зад Алекс Албон од Ред Бул на четвртото и Карлос Саинц од Мекларен на петтото. Во бодови завршија и Рикардо, Гасли, Перез и Хулкенберг. Следната, 18. трка во сезоната ќе се одржи во Мексико, на 27 октомври, а во неа Хамилтон ќе влезе со 341 бод, пред Ботас со 274 и Леклер со 223.

0 Коментари

Остави коментари