ПО ЗАКАНИТЕ – ЕМИЛ ЈАКИМОВСКИ НА РАСПИТ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА
Foto

ПО ЗАКАНИТЕ – ЕМИЛ ЈАКИМОВСКИ НА РАСПИТ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

По низата закани кон новинарки и вработени во државни инститицуии, хакирање профили и ширење говор на омраза на социјалните мрежи, лицето Емил Јакимовски, сега веќе поранешен вработен во Централниот регистар, заврши во полициска станица. Од Министерството за внатрешни работи за Телевизија 24 потврдија дека Јакимовски денеска давал исказ во полиција, но останаа сркажави со детали, па само информираа дека го истражуваат случајот.

Лицето во моментот е во полициска станица и дава исказ. Се работи на расчистување на случајот.“ - МВР.

Освен за заканите кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, за Јакимовски во МВР стасале пријави од повеќе страни. Меѓу нив е и директоката на централниот регистар Марија Бошковска Јанковска, која викендов го разреши од работното место, поради нарушување на нејзиниот и угледот на институцијата. Во меѓувреме, Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинарите и Агенцијата за медиуми побараа остра казна и поголема ажурност од институциите во санкционирањето на ваквите случаи, а Хелсиншкиот комитет очекува да му биде активирана условната казна и Јакимовски да заврши во затвор.

Обвинителството пак, засега не е вклучено во случајот и велат ќе почнат да истражуваат кога до нив ќе стаса соодветна пријава.

0 Коментари

Остави коментари