По втор пат се одложи повторното судење за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Теодора Ристовска
Во Основниот суд во Тетово по втор пат се одложи почетокот на повторното судење на Менсур Пајазити, обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22 годишната Теодора Ристовска. Како и за првото одложување на 27 март, судијата наведе дека обвинетиот доставил поднесок до судот во кој навел дека од здравствени причини нема да присуства на рочиштето. Потоа судијата донесе решение со кое ја одложи главната расправа за 7 април. По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор. Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години.