ПО СТОРИЈАТА НА ТВ 24 ОД НАЕЗДАТА ОД ИНСЕКТИ - НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДИВЉЕ
Foto

ПО СТОРИЈАТА НА ТВ 24 ОД НАЕЗДАТА ОД ИНСЕКТИ - НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДИВЉЕ

Продолжува хорор наездата од инсекти во скопско Дивље. Официјално сеуште никој не излезе на теран да го потврди нивното потеклото .

За ТВ 24 во текот на вчерашниот ден , информација за видот на инсектите даде биологот Кирил Арсовски , кој изјави дека според дадените снимки , станува збор за бескрилни инсекти, комбеоли, безопсани за човекот.

Алармиран за проблемот беше и градоначалникот на оппштина Петровец, Борче Митевски, кој денеска го посети Дивље.

Еве и денеска сме тука на лице место да видиме каква е состојбата. Утре ќе се јавам повторно во центарот за јавно здравје, да видиме со какви сретства ќе треба да прскаме, доколку тие не се во сотојба да дојдат да прскаат , и ние како општина да ги подмириме тие трошоци, ние како општина сами ке се организираме и сами ќе дојдеме, овие луѓе малку да ги смириме иако се безопсни инсеките, да знаат дека општината се грижи за нив, изјави Митевски при посетата на Дивље.

Иако првичните информации се дека станува збор за безопасни инсекти, жителите на село Дивље ,велат дека за да целосно се смири паниката , потребна им е официјална потврда.

Примерок од инсектите спакуваа во пластично шише, за да заедно со градоначалникот на општина Петровец , одговор во текот на утрешниот ден побараат од официјалните инситуциии.

0 Коментари

Остави коментари