По смртта на Панчо Минов нов носител на листа за советници е неговата ќерка Лимба Минова Златевска
Почина Панчо Минов – екс градоначалник и пратеник од Кавадарци. Тој беше и носител на независна листа за локалните избори во неговиот роден град. Минов во два мандата беше градоначалник на Кавадарци, а во четири, пратеник во законодавниот дом. По неговата смрт, нов носител на независна листа кандидати за советници на претстојните локални избори, е неговата ќерка Лимба Минова Златевска, потврдуваат од општинска изборна комисија Кавадарци.

