По седми пат откажана трка во Светскиот куп

Машкиот слалом од Светскиот куп во Вал д'Изер и женската супер-велеслалом трка во Сент Мориц кои беа закажана за денеска нема да се возат поради обилните врнежи од дожд и снег во текот на ноќта, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Ова е само продолжување на хаосот на почетокот од сезоната во машка конкуренција, со оглед што денешната е седма трка што е откажана од деветте досега планирани за одржување. Кај дамите ситуацијата е нешто подобра, бидејќи ова е само „трето“ откажано натпреварување.

„Поради моменталните услови на патеката по дождот и снегот во текот на ноќта и со цел да се обезбеди безбедност и еднакви услови за сите скијачи, жирито одлучи да го откаже слаломот“, соопштија од ФИС.