По речиси девет месеци СДСМ повторно ќе бира лидер - ќе биде ли Филипче единствен кандидат?

Ќе биде ли Венко Филипче единствен кандидат на новите партиски избори кои треба да се одржат во СДСМ за еден месец? Според информациите на ТВ 24, на Бихаќка веќе се каллкулира со датуми и според висок партиски функционер терминот кој е во игра е 16 март.

СДСМ ќе оди на избори, по само речиси 9 месеци бидејќи според правилата Филипче, како и неговиот претходник Ковачевски поради оставката на Заев, го завршува неговиот мандат кој истекува на 21 март.Сепак до тогаш на Бихаќка ќе треба да заврши активна регистрација на членството, централен одбор, избор нова изборна комисија.

- Согласно Статутот на СДСМ во месец март ќе се одржат редовни внатрепартиски избори за избор на претседател. СДСМ е единствената партија што членството бира претседател на дирекtни внатрепартиски избори. - СДСМ.

ТВ 24 контактираше дел од поранешните функционери кои изминатов период жестоко го критикуваа изборот на Филипче и неговите политики. Едногласни се дека во март најверојатно единствено ќе истрча Филипче, доколку како што велат не се најде проформа кандидат. Дел од нив предвидуваат дека на Бихаќка внатрепартиска пресметка меѓу критичарите и актуелното раководство би се случила по локалните избори.

Немам намера да влегувам сега во приказната и да дадам алиби за поразот кој што ја очекува СДСМ на локалните избори. Ниту претходното, ниту актуелното раководство не најде сили да седне на маса и да ги отвориме картите и да се погледнеме во очи и за поразот на изборите и освоени само 150 000 ,гласа, но и за начинот на кој се спроведоа изборите во СДСМ во јуни и сите неправилности., вели за тв 24 поранешен функционер на СДСМ

По оставката на Заев, СДСМ го избра Димитар Ковачевски како единствен кандидат како отворено решение зад кое застана токму Заев. Додека во јуни минатата година по историски најголемиот пораз на СДСМ на двојните избори и заминувањето на Ковачевски, СДСМ го избра екс-потпретседателот на Заев и екс-министер во неговата влада, Венко Филипче за лидер.

Изборите ги следеа обвинувања за неправилности и фалсификат, злоупотреби на базата, ден пред изорите од трката се повлече актуелната пратеничка и екс-министерка за одбрана Славјанка Петровска, која изнесе низа обвинувања за нефер изборен процес. Забелешки имаа останатите противкандидати Александар Бајдевски и Јован Деспотовски.