По ребаланс на буџетот, следува исплата на „мој ддв“
Ќе доцни исплатата на пари од мој ддв, граѓаните ќе треба да го чекаат ребалансот на буџетот па потоа парите на сметка од повратот на ДДВ. Ребалансот на буџетот се очекува во првата недела на следниот месец.
Од УЈП за ТВ 24 тврдат дека во сегашниот буџет пари за исплата на мој ддв нема.
„Со Буџетот на Управата за јавни приходи за 2024 година, биле планирани средства од 2,038,400,000 денари. Од овие планирани средства, се потрошени скоро 80% за веќе извршените две исплати во 2024 година . Со ребалансот на Буџетот, кој е во Собраниска процедура, ќе се обезбедат потребните средства за уште два турнуса на исплати во 2024 година.“ - велат од УЈП.
Што се однесува на повратот на ддв за компаниите, од УЈП велат дека Исплатата за редовниот поврат на ДДВ кон стопанството не е поврзано со ребалансот на буџетот. Овој поврат се реализира тековно.
„Што се однесува до редовниот поврат на ДДВ на компаниите, односно на ДДВ обврзниците, овој поврат се исплаќа од средства што се собираат тековно како наплатени јавни приходи.“ - велат од УЈП.
Пректот „Мој ддв“ го воведе пртепходната влада, како инстумент со кој треба да се засили даночната дисциплина, односно да се издаваат фискални сметки во трговијата кој потоа граѓшаните ги скенираат за поврат на ддв. Сега максималниот износ на повратот изнесува 2100 денари. Граѓаните велат дека скенираат сметки за поврат на ддв.
„Јас не, синот мој скенира, Се наоѓаат се собираат по 1000 денари, по 500 денари“
„Човек може да си купи нешто со нив“
„Се наоѓаат во секој случај, секој плус е добредојден“
„Поготово за нас пензионерите 2илјадарки е пара, многу чекаме ја опљачкаа државата па сега нема пари за никого“
„Мој ддв“ беше воведен пред точно пет години. Во првите три години по основ на мој ддв кај граѓаните беа вратени дури 60,3 милиони евра. Исплата се спроведува на кавартално и максимални износ што едно физичко лице може да го добие на годишно ниво изнесува 8 400 денари. Од владата најавија дека мерката мој ддв ќе остане а може и да се надгради, со со други исплати кон одреднеи, таргетирани групи на граѓани. Според поранешната влада пак оваа мерка дала ефекти во борбата со даночната евазија.
Скенирањето на фискални сметки освен дополнителен приход на граѓаните од претохдната власт беше воведена како мерка за намалување на сивата економија. Добар дел од граѓаните последниве неколку години ги избегнуваат продавниците и маркетите кои што се познати во јавноста дека не издаваат фискални сметки.