По првите вакцини опасност: Можно е на пазарот да се појават и лажни вакцини
Почна масовната вакцинација против коронавирусот во русија. Докторите и останатите медицински лица, наставниците и социјалните работници се првите кои ја примија руската вакцина „Спутник 5“, иако клинилчките испитувања се уште се вио тек.
Вакцинирањето претежно се одвива во Моска, која е жариште на заболувањето во Русија, и каде во изминатите 24 часа се регистрирани речиси 8 илјади нови случаи. И британските власти најавија дека во текот на следната недела ќе почнат да ја употербуваат вакцината на „Фајзер“ и “Биотек“.
„Очекуваме за брзо време да вакцинираме до 400 лица дневнио а потоа бројот да се зголемува. Планот е веќе подготвен.“
Генералниот директор на Светската здравствена организација вели дека напредокот во развојот на вакцините е позитивен чекор, но и предупреди дека пандемијата е далеку од завршена.
„Напредокот на вакцините ни дава поттик на сите и сега можеме да почнеме да гледаме светло на крајот од тунелот. Сепак, СЗО е загрижена поради растечката перцепција дека пандемијата на Ковид-19 помина.“ - изјави Тедрос Аданом Гебрејесус - Генералниот директор на СЗО.
Европската полициска служба предупредуваат дека постои можност за организиран криминал, поврзани со вакцините против ковид-19, вклучувајќи и опција на пазарот да се појават лажни вакцини против коронавирусот.
„ Веднаш откако на пазарот ќе се појави вистинска вакцина, се очекува брзо да се појават и прошират нејзини фалсификувани верзии.“ - се наведува во соопштението на службата.
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 во САД нема да биде задолжителна и жителите сами ќе одлучат дали ќе ја приомат вакцината. Од Националниот центар за контрола и превенција на болести предупредуваат дека државата е влезени во фаза на висока трансмисија на вирусот. Во изминатите 24 часа во САД се потврдени речиси 225.000 нови случаи на Ковид-19 и над 2.500 починати.