По протестите на орзизопроизводителите, МЗШВ предлага да продолжи поддршката од три денари за оризова арпа

Оризарите повторно ќе може да аплицираат за дополнителни три денари за килограм предадена арпа.

Министерот за земјоделство најави дека мерката што заврши во декември, продолжува. Според проценките во амбарите има околу 15.000 тони неоткупен ориз. Исплатата ќе почне од наредната недела, но откако инспекторите, што веќе се на терен,ќе утврдат дали имало злоупотреби. 

За оризопроизводителите добра е веста за продолжување на мерката за три денари, но нивен најголем проблем останува откупната цена и исплатата на редовните субвенции.  

„Ние бараме и субвенции на ѓубривата бидејќи цените многу пораснаа. Зелената нафта не е исплатена за ланската година, така што очекуваме министерот  да дојде на средба со нас бидејќи на маса најдобро се решава се“, вели Здравко Арсов, Иницијативен одбор

Според Арсов од понеделник заедно со останатите земјоделски здруженија започнуваат со подготвки за генерален протест што би се одржал на почетокот од март.