По прилогот на ТВ 24, околината на Куршумли ан почна да се чисти од огромниот куп ѓубриште
Ваква беше сликата пред два дена по калдрмата покрај Куршумли ан. По објавувањето на сторијата на Телевизија 24 дека улицата покрај овој објект инаку споменик на културата со заштитен статус, се дави во ѓубре, очигледно надлежните реагирале зашто комуналните служби денеска ја расчистуваа оваа мини депонија.
Местото таму е доста фрекфентно поминуваат многу наши и туристи од странство со план да ги видат историските градби но наместо тоа за добредојде ги пречекуваше огромниот куп од ѓубре што е покрај реална опасност по здравјето шири и непријатен мирис. За сето ова реагираат и намерниците кои тргнале да го посетат Куршумли Ан а е невозможно да ја избегнат оваа срам за сие нас, посебно за службите задолжени за хигиената на јавните простори и пред вакви објекти од витално значење како докази и сведоштва за културата на живеење во минатите времиња.
Од Комунална хигиена се правдаат дека на нивниот грб имаат за чистење шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини и дека работат во три смени и сепак не постигнуваат со толкав број на граѓани и фреквенција на луѓе во централното градско подрачје, настрана пак што хигиенските навики се на многу ниско ниво.
Доколку е реална желбата да бидеме град на културата треба тоа да го покажуваме и на дело и заеднички да работиме на менталитетот, но и да зачестат и да се зголемат казните за сите загадувачи на животната средина со вакво непрописно одлагање на сметот.