По посетата на Пелоси, Кина започна со најголемите воени вежби околу Тајван
- „Кина лансираше повеќе балистички ракети во водите на Тајван, загрозувајќи ја националната безбедност и зголемувајќи ги регионалните тензии. Министерството за надворешни работи на Република Кина (Тајван) остро ја осудува кинеската влада за следење на примерот на Северна Кореја со намерно тестирање на проектили во водите во близина на други земји“, велат од Миистерството за одбрана од Тајван.
Источната команда на Народноослободителната армија на Кина откри дека истрелала неколку конвенционални проектили во водите на источниот брег на Тајван, како дел од планираните воени вежби. Кинеската восја рано утринава започна големи вежби со боева муниција во водите околу Тајван..Поради воените вежби, откажани се повеќе од 50 летови а комерцијалните бродови се принудени да го избегнуваат Тајванскиот Теснец.
- „Кинеската страна ќе ги преземе сите неопходни мерки за одлучно да го одбрани националниот суверенитет и територијалниот интегритет. САД и сепаратистичките сили кои ја поддржуваат независноста на Тајван треба да бидат одговрно за сите последици кои ќе произлезат од тоа. Нашите зборови ќе ги претвориме во акции“, вели Хуа Чунјинг – Портпарол на министереството за надворешни работи на Кина.
Од Белата куќа побараа од кина да не предизвикува поголема криза во регионот и уште еднаш ја повторија пораката дека посетата на Пелоси не променила ништо во односите меѓу двете земји.
- „Нема причина Пекинг да ја претвори оваа посета, која е во согласност со долгогодишната политика на САД, во некаква криза. Нема причина да го прави тоа. Бевме сосема јасни дека нема промена во нашата политика на Една Кина која се води од актот за односи со Тајван од 1979, тоа не се променило“, вели Карин Жан Пјер портпарол на Белата куќа.
Јапонија пак тврди дека најмалку пет балистички ракети истрелани денеска од Кина кон Тајван паднале во нејзината ексклузивна економска зона во Јапонското Море...од јапонското министерство за одбрана велат дека Ова сериозно влијае на националната безбедност на земјата и веќе упатија протестна нота до Пекинг поради инцидентот.