По половина век прва заедничка литургија на МПЦ и СПЦ

Срцето на Македонија и Србија чука како едно. Имавме длабока рана која чекавме 55 години да заздрави, вели патријархот на СПЦ, Порфириј по заедничката литургија со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во храмот СВ. Сава во Белград.

„Имавме раскол кој траеше 55 године со нашите браќа од Македонија и таа рана беше длабока и болеше. Со таа рана размислувавме, легнуваме и станувавме во исчекување и копнеж да зацели. Затоа велам дека тоа е чудо, чудо божје. Тоа е дар божји. Разбравме дека раната е нанесена со нашите постапки и затоа се обративме на господ и на свети Сава да го направат тоа што нам не ни поаѓа од рака.“ - изјави Порфирије Патријарх на СПЦ.

Македонскиот архиепископ, г.г. Стефан вели – Бог го виде трпението и го слушна гласот од молитвите на народот. Посочи и дека после ова, ќе следуваат преговори кои треба да донесат целосно решавање на спорот и конечно да МПЦ да стане автокефална.

Владиката Јован Вранишковски од Православната охридска архиепископија, даде признание на МПЦ, која според него, издржала големи притисоци. Упати благодарност до Порфириј и Стефан за чекорот кој го презедоа двете цркви.

„Најголема благодарност им упатувам на Порфириј и на Стефан, на првиот за добрата волја и големата упорност, а на вториот за спремноста за лична жртва да ги поднесе оговарањата на нецрковните луѓе во Македонија.“ - изјави Јован Владика на ПОА.

Експертите пак, велат Ззедничката литургија е чекор напред кон крајната цел добивање автокефалност, но доколку се влезе во нови, долги преговори, значењето на оваа литургија ќе се намалува.

Литургијата доаѓа по одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на Македоснката православна црква -ОА како канонска на и одлуката на Саборот на Српската првославна црква со која за Македонската православна црква - Охридска архиепископија го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност.

По пет децении разговори, преговори и негации, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и спрскиот патријарх Порфириј одржаа заедничка литургија за помирување. Двајцата си подадоа рака, карактеризирајќи го канонското признавање како чудо.