По победата Рама вети членство во ЕУ до 2030

Премиерот на Албанија, Еди Рама, им се заблагодари на стотиците илјади гласачи кои ја поддржаа неговата Социјалистичка партија на парламентарните избори, велејќи дека е убеден оти земјата може да стане членка на ЕУ до 2030 година.

На прославата на плоштадот Скендербег во Тирана, пред илјадници поддржувачи, Рама изјави дека „Албанија е на вистинскиот пат“ и повика на заеднички напор за остварување на европската интеграција. Со 83 освоени места во парламентот од вкупно 140, социјалистите во Албанија ќе владеат самостојно.