ПО НЕУСПЕХОТ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА – РЕАКЦИИ НА ПАРТИИТЕ ОД АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК
Foto

ПО НЕУСПЕХОТ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА – РЕАКЦИИ НА ПАРТИИТЕ ОД АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК

Алијанса на Албанците им се налути на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ што без нив преговарале за законот за јавно обинителство. Од партијата на Села се децидни дека нема да прифатат ниту еден договор што ќе падне помеѓу двете македонски партии и порачаа дека нивните гласови не се за поддржување на двотретински мнозинства. Според Села, ВМРО и СДСМ имаат договор да не се договорат. Целта на трите политички партии вклучувајќи ги ДУИ им е политичките функционери да не одговраат пред правдата. Прелогот на Алијанса на Албанците е СЈО да се зачува, а на чело на обвинителството да биде поставен странец.

- „За Алијанса за Албанците нема да биде прифатлив никаков договор во иднина што ќе се донесе само меѓу еден блок политички партии. Концептот четири поголеми политички партии, две од македонските политички партии и две од албанските политички партии треба да продолжи“ - Зијадин Села – Лидер на Алијанса на Албанците.

Според партијата БЕСА пак, СДСМ и ВМРО наместо интересот на државата си ги бранат партиските интереси и гледаат како да си ги спасат функционерите да е одговараат за сторените злосторства. Со оглед на тоа што токму вакви партиски функционери одлучуваат за судбината на СЈО, БЕСА предлага да се формира комисија од странски експерти од САД и ЕУ чија што задача ќе биде професионализирање на Јавното Обвинителство и судовите.

- „Неопходно да се прифати предлогот на Движењето Беса за Државна комисија составена од експерти каде што ќе учестуваат и САД и ЕУ со одлучувачко право. Задачата на оваа комисија треба да биде професионализирање на јавното обвинителство, судовите и нивното функционирање за да се гарантира воспоставување правда и владеење на правото.“ - Билал Касами - БЕСА.

Реакциите на албанските политички партии доаѓаат по вчерашната лидерска средба помеѓу Заев и Мицкоски, која заврши без никаков договор за законот за ЈО со кој треба да се реши и судбината на СЈО.

0 Коментари

Остави коментари