По лидерската со Мицкоски, Ковачевски свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор

Ден по лидерската средба премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, за утре попладне свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на партијата.

Се очекува највисоките партиски тела во СДСМ да дискутираат и да одлучат како ќе ги  продолжат разговорите со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски претходно оцени дека најголемата опозициска партија го променила ставот и сега не е против уставните измени. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ  партијата ја коментира како победничка опција. Според нив Мицкоски дал 3 можни датуми за избори на есен, по кои ВМРО-ДПМНЕ како победник е спремен да формира влада со сите партии освен со ДУИ.

Целта на владата како што велат  ќе биде зачувување на македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ.