По деветти пат финале за Ѓоковиќ на Австралија опен
Foto

По деветти пат финале за Ѓоковиќ на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по деветти пат се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен. Тој претпладнево го совлада Русинот Аслан Карацев со 6:3, 6:4 и 6:2.

Воедно Србинот има максимален ефект во досегашните девет полуфиналиња во Мелбурн, а во деветте мечеви за трофејот секогаш победувал.

Ривал на Ѓоковиќ во мечот за трофејот ќе биде победникот од дуелот Данил Медведев (Русија) – Стефанос Циципас (Грција). Второто полуфинале на Австралија опен е закажано за утре со почеток во 9:30 часот.

Наградниот фонд на првиот Грен слем во годината, изнесува 55,2 милиони долари.

0 Коментари

Остави коментари