По 20-ти јубилеен пат музичкиот фестивал „Тра ла ла“ во Охрид
Foto

По 20-ти јубилеен пат музичкиот фестивал „Тра ла ла“ во Охрид

Годинава  Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА 2019 се одржува по 20 ти јубилеен пат, вечерва во Охрид на сцената на Долни Сарај а утре во Центарот за култура во Битола.Учествуваат солисти од 14-26 годишна возраст од 22 држави.

Организаторите велат проектот има за цел да придонесе во развојот на музичката култура во нашата држава и јакнење на натпреварувачкиот дух кај младите. Со тоа се допринесува во афирмацијата на македонската и светската естрада, бидејќи дел од партиципантите се учесници на голем број европски и светски манифестации како детската Евровизија, Сан Ремо џуниор, Славјанскиот базар .

Фестивалот ТРА ЛА ЛА е член на Светската асоцијација на перформанси и уметности WAPA со седиште во Ерменија, а наскоро се очекува да стане член на Светската асоцијација на фестивали и уметности. Соработува со преку 40-тина фестивали и организации ширум светот.

0 Коментари

Остави коментари