По 20 години, попис во Македонија
На три дена пред пописот Од Граѓанската иницијатива „Не отворам врата“повикаа на бојкот. Според координаторот на иницијативата, Марјан Камиловски, пописот не треба да се спровете поради лошата епидемиолошка состојба во земјава но и поради лошата методологија за пописот.
Од Државниот завод за статистика велат уверуваат - се е подготвено и пописот може да започне. За скептичните граѓани велат ќе се обезбеди вакциниран попишуваш се со цел пописот да се спроведе.
До почетокот на пописот на 5 септември, Заводот организира имунизација за оние кои се уште не примиле вакцина, а сакаат. Од Владата информираа дека сите 50 пописни комисии се екипирани, а во деновите до пописот се прават дополителни обуки, но и планови за попишување. Земјава е една од ретките во светот која нема попис речиси две децении.
Сите битни информации во однос на бројот на население, станови и домаќинства се црпат од последната статистичка операција одржана во 2002 година, потоа следеше уште еден обид во 2011-та година меѓутоа тој обид беше прекинат, следно е сега овој попис кој што ќе започне на 5-ти септември, во недела во 8 часот и ќе трае до крајот на септември.