По 10 години мирување ќе проработи нафтоводот Скопје - Солун

Нафтоводот Скопје - Солун се враќа во игра. Информациите до кои дојде ТВ 24 велат по пауза од десет години низ цевките на нафтоводот од грчките рафинерии ќе протече дизел гориво, најрано 25 декември а најдоцна по новогодишните празници.

Тоа ќе биде пробна дистрибуција пред официјално и да се стави во погон нафтоводот чиј вентил е затврорен од 2013 година. Сега на ред се властите кои ќе треба да ги подготват административните процедури, да се измени дел од Законот за енергетика, но и да се одреди цена за дистрибуција на дизле горивото од Грција. 

„Третата фаза која е многу битна, одредување на цена. Ќе се плаќа корисистењето на продуктоводот на цевката. Државата има одредено највисока  цена и таа цена треба да биде пониска за да биде рентабилна и конкурентна на пазарот. Доколку има интерес од трети страни да може да имаат слобден пристап, да си платат да го закупат продуктоводот и да си донесат свои деривати.“ - вели Есад Рахиќ.

Инаку, капацитетот на овој продуктовод е 2,5 милиони тони на годишно ниво, а колку ќе се дистрибуира тоа ќе зависи од потребите во државата. Но, сега наместо нафта ќе се дистрибуира готов производ, односно дизел гориво, бидејќи скопската рафинерија не работи. И поради тоа се менува терминологијата, наместо нафтовод  ќе се вика продуктовод, а со тоа се менува и името на трговското друштво. 

Од грчка страна велат дека може да гарантираат непречено снабдување со дизле гориво за Македонија. Грчката компанија Хеленик Петролеум која е сопственик на Окта, поседува 80 отсто од нафтоводот, а 20 отсто се во сопственост на Макледонија. Планот на грчките бизнисмени е овој нафтовод да работи најмалку 25 години. 

„Најважна е заштитата на енергетската безбедност и да има доволно во поширокиот балкански регион. Очигледен е изборот нафтата да се транспортира на овој начин, наместо со возови и стотици цистерни на патиштата. Имаше многу случаи кога надворешни фактори доведоа до прекин на непреченото снабдување на пазарот во соседната земја.“ - вели Андреас Сиамисис. Извршен директор на  „Хеленик енерџи“.

Во меѓувреме земјава и натаму на Хеленик Петролеум и должи околу 25 милиони евра поради тужбата која Македонија за загуби поради непочитување на можеби најштетниот договор а тоа е продажбата на ОКТА. Во договорот стоеше дека секоја година земјава беше обврзана да купува 500 илјади тони мазут од грчка страна а потребите на државата беа значително помали. Тој договор заврши во 2019та, но долгот и натаму си стои.