ПМФЛ: Вардар поразен од Силекс
Фудбалерите на Силекс го совладаа вчера Вардар во Скопје со 1-0 (0-0) во завршниот натпревар од 7. коло во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ).
Стрелец на победоносниот гол за кратовскиот прволигаш беше Дарко Додев во четвртата минута од судиското продолжение.
Претходно денеска се одиграа пет натпревари од 7. коло во кои единствената победа ја забележа Гостивар над Шкендија од 3-1, додека без победник завршија дуелите Брера Струмица – Тиквеш (0-0), Пелистер – Работнички (0-0), Шкупи – Беса (1-1) и Воска – Струга (1-1).
Табела: Гостивар 15, Шкендија 14, Работнички 13, Силекс 12, Струга 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Брера Струмица 8, Вардар 7, Беса 5, Тиквеш 5, Воска 5.