ПМФЛ: Брера остана прволигаш, Беса во баражот

Триесет и четвртата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) заврши денеска со одигрување на натпреварите од последното коло во кое Брера Струмица го зачува прволигашкиот статус, додека Беса ќе игра бараж за опстанок во лигата против третопласираниот тим во второлигашката конкуренција.

Во завршното 33 коло Брера извојува победа на домашен терен над Работнички, со што го зачува бодот предност пред Беса која, исто така, триумфираше над Пелистер во Битола.

Новиот првак Шкендија загуби на домашен терен од вицешампион Силекс, додека немаше победник во дуелот меѓу Тиквеш и Струга.

ПМФЛ, 33 последно коло:

Брера – Работнички 3-2

Пелистер – Беса 1-4

Шкендија – Силекс 1-3

Тиквеш – Струга 3-3

Вардар – Гостивар 3-0 (службено)

Воска – Шкупи 0-3 (службено)

Конечна табела: Шкендија 70, Силекс 67, Работнички 56, Струга 51, Вардар 45, Пелистер 39, Шкупи 38, Тиквеш 34, Брера Струмица 34, Беса 33, Гостивар, Воска.