ПЛЕНКОВИЌ: ПОДДРШКА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
Foto

ПЛЕНКОВИЌ: ПОДДРШКА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Организирањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб и отворањето преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во Унијата се високо на агендата на хрватското претседавање со Унијата, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во обраќањето пред Европскиот парламент во Стазбур. Претставувајќи ги приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ, Пленковиќ на пленарната сесија пред европратениците порача дека Хрватска не ја крие амбицијата да се обиде да обезбеди поддршка од земјите членки на Унијата за старт на преговори за членство со Северна МАкедонија и со Албанија.

„Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорите ќе бидат важни. За кредибилноста на политиката на проширување важно е да се зачуваат принципите на почитување на политичките критериуми и индивидуалниот напредок. Секоја земја кандидат треба да се оценува врз нејзините резултати, при што крајната цел на преговорите останува членството во ЕУ“. - изјави Андреј Пленковиќ – премиер на Хрватска.

Пленковиќ рече дека Европскиот парламент по француското вето лани во октомври, усвои резолуција со која се поддржува отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија и во која се подвлекува важноста на проширувањето, како за земјите кандидати, така и за ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

„Доколку сакаме успешен самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан – Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори“. - изјави Урсула фон дер Лајен – претседателка на ЕК.

Програмата на хрватското претседавање е насочена кон четири главни приоритети, Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна. Утре во земјава во прва посета по стапувањето на функцијата доаѓа Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархели.

0 Коментари

Остави коментари