Платите на функционерите ќе скокнат за плус 400 евра

Од јануари 2024 година платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, којашто годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо. 

Со следното зголемување, функционерите ќе земаат до 400 евра повисоки плати. 

Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот димитар ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари. Повисоки плати бараат вработените во повеќе сектори, но и пензионерите бараат повисоки пензии.