Платформата 12.05 достави предлози за структурни промени во СДСМ
Иницијаторите на платформата во "12:05" му го доставија планот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за негова смена и промени во партијата.
Поранешните функционери на СДСМ сметаат дека нивните предлози се во интерес на иднината на партијата и на државата, но и гледаат можност за враќање на партијата на членството. Од платформата велат дека на моменталната хистерија во партијата, тие одговараат со конкретна акција. Документот до партиската архива на „Бихаќка“ го доставија Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски.
Од актуелното раководство на СДСМ пак сметаат дека на Платформата е всушност дело на партијата ЗНАМ. Од СДСМ наведуваат дека тој документот бил означен како доверлив, но дека неговата содржина била објавена во медиуми уште пред партијата целосно да го разгледа.
СДСМ
„Нас би ни било срам да го напишеме ова од декември, со сите ветувања. Така што за нив подобро било да биде доверливо, за да не го видат другите. Нема потреба да биде доверливо. За разлика од нив, кај нас сè е транспарентно. Нека читаат граѓаните. Во оној друг дел, по стилот, ќе ја препознаете Ивона Талевска. Нема врска. Писмо е писмо. Или е програма? Од декември објавуваат по телевизии приказна за некаква нова платформа, дека решаваат проблеми.“
Препукувањата во опозициската партија не запреа само на предлогот за промени. Претседателот Венко Филипче ја прозва пратеничката и една од потписничките на предлогот Славјанка Петровска која ја обвини за спорна набавка на тенкови во вредност од околу 37 милиони евра за што став имаше и од владејчката ВМРО-ДПМНЕ кои го повикаа Филипче по допрен глас во однос на обвинувањата да достави докази во јавното обвинителство...

