Платежните картички ќе доцнат две недели
Foto

Платежните картички ќе доцнат две недели

Наместо на 3 јули, платежните картички најдоцна до 18 јули ќе бидат во рацете на 325,000 граѓани кои ги исполнуваат условите. Со оваа одлука, оваа платежна картичка ќе може да биде искористена за купување македонски производи најдоцна до 15 август.

Банкарите информираат дека списоците на граѓани кои ќе добијат платежни картички се доставени до банките учеснички, но реагираат дека им е краток временскиот рок за нивна изработка. За пролонгирањето на рокот велат заеднички е договорено со Министерството за финансии.

Банките кои имаат склучено договор со Владата за издавање на картички на своите официјални страни ги упатуваат корисниците кон веб страната web.kupuvamdomasno.gov.mk ,на која со внесувањето на матичен број граѓаните може да проверат во која банка ќе им биде издадена домашната платежна картичка, но и денес страната е нефункционална.

Според Уредбата на Владата, платежна картичка, купувам домашно во висина од 9000 денари ќе добијат социјални категории и невработени лица. По 3,000 денари ќе добијат вработените лица со месечни примања помали од 15,000 денари, како и младите лица од 16 до 29 години, кои се активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.

Здравствени работници ангажирани во справување со ковид-19 ќе добијат картичка со износ од 40 отсто од основната нето-плата, која исто така ќе легне на платежната картичка „купувам домашно“.

0 Коментари

Остави коментари