Пјонгјанг разгледува прекин на преговорите со Вашингтон за денуклеаризација
Foto

Пјонгјанг разгледува прекин на преговорите со Вашингтон за денуклеаризација

Раководството на Северна Кореја разгледува одлука за прекин на понатамошните преговори со САД за денуклеаризација. Тоа го изјави заменик-министерката за надворешни работи Чо Сон-хуи на прес конференција во Пјонгјанг на која беа поканети и претставници од амабсади и странски новинари.

- Немаме намера да правиме отстапки пред барањата на САД во каква било форма, ниту пак имаме желба да водиме таков вид преговори, изјави таа.

Тоа е прва изјава на претставник на севернокорејските власти со оценка за средбата меѓу лидерот Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп што се одржа на 27 и 28 февруари во Виетнам. Таа додаде дека Ким има намера да даде официјална изјава во која ќе го образоложи следните чекори на Северна Кореја по неуспешната средба

0 Коментари

Остави коментари