Пјер Гасли влезе во клубот на лауреати во Ф1 - 109-ти различен победник
Foto

Пјер Гасли влезе во клубот на лауреати во Ф1 - 109-ти различен победник

Пјер Гасли е сензационален славеник на италијанското гран-при на „Монца“, влегувајќи во клубот лауреати како 109-ти различен победник во историјата на Формула 1. Ова истовремено беше само втора победа за Алфа таури, тимот кој лани се викаше Торо Росо, а единствениот триумф досега го имаше само во името на Себастијан Фетел, уште од 2008 година, исто така на „Монца“.

Дека ова не беше обична трка кажува остатокот од изгледот на подиумот.

Второ место за Карлос Саинц од Меклрен, трето за Ленс Строл од Рејсинг Поинт. 

Работите се испревртеа во 27-от круг кога Шарл Леклер излета на последниот свиок и се заби во заштитниот ѕид. За да се санира оштетената ограда од гуми трката беше прекината 30-тина минути, а тоа предизвика испревртување на позициите.

Дотогаш прв беше Хамилтон, пред Саинц, но Британецот од Мерцедес недозволено влезе во боксот, па мораше да отслужи казна од 10 секунди, која го врати на опашката на поредокот.

И Саинц назадуваше поради прекинот, па напред излезе Гасли кој успешно го додржа водството до крајот.

На крај, четврти беше вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, петти Ботас, Рикардо шести, а Хамилтон дојде до седмото место. Окон, Квјат и Перез уште освои бодови, а покрај Леклер, трката не ја завршија и Фертапен и Фетел, поради дефекти.

До следното гран-при за 7 дена во Муџело, Хамилтон ќе води во генералниот пласман со 164 бода, пред Ботас со 117.

0 Коментари

Остави коментари