Питачењето сериозен проблем во туристичките центри
Foto

Питачењето сериозен проблем во туристичките центри

Питачењето и ова лето зема замав низ туристичките центри. Се почесто по улица се сретнуваат деца од ромска националност на возраст од  7 до 14 години, но и повозрасни.

Голи, боси и изгладнети просат пари од минувачите. Од граѓанските здруженија велат дека станува збор за организирано питачење. Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од други градови, кои се оставени на милоста на граѓаните. Полицијата и ова лето реализирала повеќе  акции за отстранување на питачите од улица и во Охрид и Струга. Бројот на питачи од година во година е се поголем. 

Најчесто лицата што просат на брегот на Охридското езеро  се од други градови: Битола, Скопје,а ги има многу и од Источна Македонија. Оние кои се затекнати на лице место  се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење. Полицијата ги гони и оние кои им издаваат станови. 

За вакви случаи законот за прекршоци предвидел и казни  од 15 до 30 евра во денарска противредност.

0 Коментари

Остави коментари