Писмото на Бејли ќе се истражува
Ова е дипломатско судски скандал. Американскиот амбасадор бара да не се злоупотребува неговото име, поврзано со местење судски процеси. Вака пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски од собраниската седница му упати пратеничко прашање на Зоран Заев дали како премиер ќе побара истрага кон судии кои го злоупотребиле овластувањето.
„Дали ова писмо кое се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција, е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси. Дали министерот за правда ќе покрене иницијатива во судскиот совет да се поведе истрага да се расчисти овој сомнеж?“ - изјави Антонио Милошоски – пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
Премиерот Заев му одговори дека за писмото дознал од медиумите. Согласно неговите надлежности побарал негов советник да се сретне со амбасадарот. Вели, ќе го чекал Бејли по празниците директно да разговара со него. Вели ќе се бара и одговорснот доколку имало злоупотреби.
„Сфатив дека има шпекулации, дека амбадасорот или некој од амбасадата сакал да влијае на процеси, да мотивира, не ги знам детали. Не можев да разберам за каков однос се работи и каде е тоа сомневање кое амбасадорот го нотира во писмото? Миинистерката за правда ќе добие инструкции да го отвори прашањето за судскиот совет“ - изјави Зоран Заев - премиер.
Вчера, од скопска единица за ТВ 24 портврдија дека добиле писмо од амбасадорот на САД во заминување, кое било во правец на поддршка на независноста на судството и владеењето на правото, но и порака за загриженост дека имало влијание од надвор.

