Писателот Видое Подгорец заслужува поголемо внимание во научната јавност

Писателот Видое Подгорец со чија литература израснаа сите деца во земјава не е соодветно истретиран од научната јавност, иако неговите дела имаат универзални пораки. 

Ова е констацијата на д-р Ана Витанова Рингачева - професор на штипскиот Универзитет на научниот симпозиум „Книжевното творештво на Видое Подгорец  -јазик, поетика, херменевтика“ што се одржа во Струмица. 

На симпозиумот учествуваа и говореа писатели, литературни критичари и професори од македонските универзитети во обид да се даде посебно значење и се разоткријат тие пораки.

Дека творештвото на Подгорец не го доби потребното внимание од стручната јавност во земјава кажа и писателот Киро Донев. Колку за илустрација, тој посочи дека дела на Подгорец не добиваат национална поддршка што говори за маргинализацијата на овој писател.

Инаку ова беше трет научен симпозиум посветен на Видое Подгорец во организација на литературната манифестација „Средба под јаворите“ со поддршка на „Просветно дело“ и општина Струмица.