Пироман пали сервис за возила во Пинтија

Со дуксер кој го покрива лицето, човек со шише полно со запалива теност прво ги поли автомобилите на плацот во населбата Пинтија во Скопје, а потоа и ги запали. Ова може да се забележи од снимките кои го уловија пироманот кој вчера предизвика сериозна материјална штета каде за среќа нема повредени и жртви..

„Епилогот од синоќешниот подметнат пожар е 16 пеплосани автомобили, еден камион и два деловни објекти кои служеле за административни потреби.“

Експлозии, бучева и силен оган со чад ги разбудиле соседите кои живеат до овој автосервис. Тие видно вознемирени и утрово ни раскажаа што виделе како се помагало и како се евакуирале децата и постарите лица.

Анкета Граѓани

„Пламен голем, кога излегов јас на улицата пламенот беше многу голем, експлозии големи, се исплашивме многу. Децата, жените па и мажите полицијата ги упати кон нивите, Дојдоа осум пожарни, и пожарот се гасеше до кај 6: 30. Потоа смена струја, па стана голема темница.

Граѓани

„Околу шест часот сабајле гледам гужви тука, и прашувам што е работата, и викаат пожар имаше во сервисот, страшно беше имаше пукање.“

Штетата би била многу поголема доколку навремено пожарот веднаш не го пријавила новинарката на Телевизија 24 Енџи Николовска која го видела почетокот на страотниот пожар. Николовска вели брзата интервенција на противпожарната бригада и помошта од Дирекцијата за заштита и спасување придонеле инцидендот да не ескалира.

Енџи Николовска очевидец

„Јас дека бев во близина слушнав некакво пукање, за после да се испостави дека вслушност избило тежок пожар во авто сервисот. Повеќе од очигледно, нормално таму имало автомобили, уље. Сите сме запознаени што има во автосервисите. Исто така се јавив во противпожарна и кај останатите иституции каде се пријавуваат вакви инциденти. “

Од МВР ни сопштија дека се уште работат на случајот и на откривање на сторителите.