Пилотите на Ферари најбрзи во втората тренинг сесија на „Интерлагос“
Foto

Пилотите на Ферари најбрзи во втората тренинг сесија на „Интерлагос“

Себастијан Фетел со Ферари даде најдобро време на втората тренинг сесија пред неделното Гран-при на Бразил во Формула 1.

Фетел го сврте најбрзиот круг на патеката „Интерлагос“ во 1: 09.217 минути и ги остави зад себе со 0,021 секунди тимскиот колега Шарл Леклер и со 0,134 Макс Верстапен со Ред Бул.

Светскиот шампион Луис Хамилтон со Мерцедес се најде на петтото место.

Сесијата заврши порано за пилотската двојка на Торо Росо – Даниел Квјат и Пјер Гасли. Автомобилот на Квјат се запали, а Гасли имаше проблем со моторот.

0 Коментари

Остави коментари