Пикот на сезонскиот грип се очекува допрва да удри
Не е нешто невообичаено и очекувано е за овој период да има, зголемен број пациенти со сезонски грип.
Пикот се очекува во втората половина од јануари кога ќе почне второто полугодие од учебнатата година па до средината на февруари. Од ИЈЗ и додаваат дека бурно се следи состојбата.
Покачена телесна температура и до 40 степени, сува, интензивна и долготрајна кашлица се најчестите симптоми. Јануарските студови насилно ги погодуваат најмладите. Ниските температури, променливото време и долгите денови поминати во затворени простории, го ослабуваат детскиот имунитет и создаваат услови за ширење на вирусите и инфекциите.
Засега ситуацијата е под контрола, главно го изолираме вирусот на грип - Инфлуенца А, но почна да циркулира и RSV респираторниот синцицијален вирус.
Во случај да расте бројот на заболени од грип можна е препорака за продолжување на зимскиот распуст, но до тогаш има уште време додаваат од Институтот за јавно здравје.

