Пежо излетало од патот Кавадарци - Неготино, млад возач се здобил со телесни повреди
Пежо утринава излетало од патот Кавадарци - Неготино, а младиот возач се здобил со телесни повреди, потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Денеска во ОВР Неготино било пријавено дека околу 09:00 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, кај место викано „Антена“, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(19) од Кавадарци, излетало надвор од патот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, појаснија од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

