Пезешкијан: Сега е најдобро време за постигнување договор

Сегашните околности се најдобра можност за постигнување договор со другата страна и решавање на отворените прашања преку преговори, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, додавајќи дека Техеран нема да ги прифати барањата на другата страна доколку нема напредок во преговорите.

„Верувам дека сега е најдобро време за постигнување договор, бидејќи во земјата има кохезија, сила и единство“, рече Пезешкијан, објави Ал Џезира.

Тој оцени дека сегашните околности можат да претставуваат можност за продолжување на процесот на постигнување договор и решавање на прашањата преку разговори.