„Петти пакет на мерки“ - таргет малите фирми
Foto

„Петти пакет на мерки“ - таргет малите фирми

Во буџетот се обезбедени 50 милиони евра за петтиот пакет економски мерки. Клучен таргет овој пат, како што дознава тв 24, ќе бидат малите компании односно оние коишто имаат до десет вработени и кои се покажаа како најпогодени од кризата што ја донесе пандемијата.

Министерството за економија деновиве ќе достави до Стопанските комори драфт-верзија на измените на Законот за финансиска поддршка, во кој ќе се дефинира кој се ќе влезе на списокот за државни пари.

„Ние ќе ја искористиме можноста да направиме дополнителни промени и да го зголемиме опфатот на компании кои можат да ги искористат мерките од овој закон. Имајќи предвид дека во минатото ги искористија само компаниите кои се занимаваат со производство.“ - изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Бизнисот веќе ги испорача барањата. Еве кои мерки се најаважни за Сојузот на стопански комори:

- финансиска поддршка која што ќе биде неповратна и да има кредитирање кое што би било повластено за

- одржување на ликвидноста,

- даночно олеснување и секако

- субвенции за плати

И Стопанската комора со слични барања. Но за нив приоритет би требало да имаат

- инвестициите, извозот и институциите

- царинските олеснувања и креирање на

- фонд за иновации за големите компании

Претседателот на Организацијата на работодавачи вели дека токму јануари и февруари ќе бидат многу тешки месеци, особено за извозните компании.

„Јас не сум сигурен дека Владата и Параламентот ќе стигнат во текот на јануари да го усвојат законот и тој да важи за јануари. Но и да се усвои на почетокот на февруари тоа би било добро затоа што е неопходен овој петти сет на мерки. Проблемите што ги предизвикува вирусот ќе траат уште најмалку три- четири месеци. Дури и кај нас да нема ниту еден заразен, самите наши купувачи во Европа, таму се затворени дуќаните кај што не се продава стоката, со полни магаци, ни прави пречки во понатамошното работење.“ - изјави Ангел Димитров, Организацијата на работодавачи.

За в петок веќе е закажан Економско-социјалниот совет. Синдикатите веќе наголемо предупредуваат дека работниците треба директно да ја добиваат државната помош за да ја преживеат кризата, зашто во изминатите месеци дел од нивните плати останале во џебот на газдите.

0 Коментари

Остави коментари