Петти ден лекарот Дарко Василевски штрајкува со глад
Петти ден докторот Дарко Василевски штрајкува со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет, зашто на три огласи за вработување бил одбиен без образложение, а, како што тврди, на повеќе интервјуа било коментирано тоа што има 45 години како „негативна“ околност. Досега во овие пет дена никој од Владата, ниеден министер, ниту пак некој од Деканатот на Медицинскиот факултет не го посетил, освен еден човек од Деканатот кој му носи вода.

