Петти ден дома и регионално се бара 14 годишната Вања
Се пребарувало речното корито на Вардар, сите подрумски простории не само во околината туку и пошироко, се бараат информации од црквите и манастирите во близина на Скопје, ова се само дел од активностите што ги презема МВР за да се пронајде малолетната Вања Ѓорчевска која веќе петти ден е исчезната.
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека во моментов не може да споделува детални податоци, но истакна дека преземени се електронски уреди од семејството и девојчето, кои се вештачат и дека веќе имамаат одредени податоци од овие уреди кои можат да бидат од корист на истрагата.
- Се пребаруваше и речното корито на Вардар. Се пребаруваа и сите подрумски простории. Не само во околината туку и малку пошироко. Се работеше на пребарување, односно добивање на податоци на информации од црквите, манастирите кои што се во близина на Скопје. Така да една опсежна активност и тука нема да се застане. Значи интензивно работиме. - изјави Изјава Оливер Спасовски министер за внатрешни работи на Македонија.
Петти ден се трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска. За неа пишуваат и медиумите од Регионот со цел да се помогне во потрагата. 112 е бројот на кој треба да пријавите доколку имате било каква информација која може да помогне.
Преку 50 камери односно места каде што има камери се преземи и прегледани, целосно е во функција системот безбеден град, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени, сослушани се десетици и десетици лица од кои се земени податоци и информации во однос на целиот овој настан.
Податоците за Ѓорчевска се ставени и на Стоп-листа на граничните премини. Распишана е и меѓународна потерница од Интерпол, а деталниот опис е и во билтенот на МВР за исчезнати лица. Спасовски најави и дека до 10 декември ќе биде активиран и системот за препознавање на лица.
Најголемата и единствената организација за заштита на децата во Грција, „Насмевката на детето“ ја сподели информацијата за исчезнатата Вања. Информацијата е објавена и на платформата „Find Me“, или „Најди ме“ која е дел од мрежата „Amber Alert“ во Европа. Вања исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“.
Во Македонија исчезнале повеќе од 70 малолетници, но најголем број од нив се пронајдени. На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по шест деца.