Петрушевски за ТВ 24: Ваквата преговарачка рамка што ја прифати власта значи тивка бугаризација на македонскиот народ
Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека сега дуваат нови ветришта во ЕУ и смета дека со ваквата преговарачка рамка што ја прифати власта значи тивка бугаризација на македонскиот народ.
- Што таа наша комисија прифатила во делот на реториката, тоа е јавно објавено и прифатено од владата. Се тоа е точно кое го зборувавмеизминатата година. Горди сме што сме издржале и не ја послушавме власта. Македонија заслужува членство во ЕУ достоинствено како сите претходни држави, а не обезличена. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни. Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати, рече Петрушевски.