Петровски за „Студио 10“: Од голема важност е да имаме компетентни луѓе во институциите

„Во државата имаме партиска поделеност. Имаме традиционални гласачи, односно некои кои 30 години гласаат и ќе гласаат надевајки се дека ке биде добро. Не е битно за кого ќе се гласа, кој ке победи, многу е важно како ке се вледее отпосле. Најважно е од се, откога ке се формира власта, дали во институциите ке дојдат компетентни луѓе со одредени вредности, затоа што само компетентни луѓе можат добро да владеат. Спојот на персоналот со институциите е многу важен. Не е битно кој со кого ке направи колација. Битно е какво владеење како процес ќе имаме понтаму. Како институциите ќе се стават во функција на исполнување на потребите на граѓаните. Мора да се изгарадат одредени вредности и критериуми за некој да ја извршува таа работа. Имаме многу случаи каде некомпетентни луѓе доаѓаат на одредени позиции и не можат процесите да ги стават во функција додека не ги научат работите. Има места во општеството, во државните институции каде треба да се учи, но и места каде треба да дојдат научени луѓе, а не таму да се учи.“ - вели за „Студио 10“ Димче Петровски, поранешен генерал.