Петровска за ТВ 24: Ако некој мисли дека со леснотија се потпишал Преспанскиот договор, многу се лаже

Мислам дека она што се случи во неделата при полагањето на заклетвата е прекршување на Уставот од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Но факт што останува е што таа ја потпиша заклетвата дека ќе им служи на граѓаните на Северна Република Македонија. Јас сум уште повеќе разочарана што во говорот не слушнавме како таа како претседателка ја гледа иднината на нацијата оти таа од таа функција меѓу другото е врховен командант на Армијата, вели Славјанка Петровска од СДСМ во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

- И јас сум го употребувала понекогаш името Македонија, оти така сум се чувствувала, но тоа не наишло на реакции. Ако оваа реторика што ја гледавме во кампањата, со која ВМРО сакаше да го врати своето тврдо националистичко членство и сега ќе треба да ја плати таа цена со тоа што ќе го изговори името Северна Македонија. Ако некој мисли дека со леснотија се потпишал Преспанскиот договор, многу се лаже. Но тоа ни донесе членство во НАТО. Сега јас очекува и претседателката и ВМРО-ДПМНЕ да бидат конзистентни и навистина да побараат ревизија на догворите како што најавуваа и ветуваа во кампањата и да кажат која е цената што треба да ја платиме сите ние што живееме во државата. Јас се плашам дека во интерес на локалните избори догодина ВМРО-ДПМНЕ ќе ја задржи оваа реторика и нема да има ништо од ЕУ, вели Петровска.