Петровиќ за ТВ 24: Ако некој не постави граница на однесување, тогаш ќе нема безбедно детство за детето

Елизабета Петровиќ семеен и системски психотерапевт и одделенски наставник во ОУ ѓорѓија Пулевски во емисијата 24 Отворено рече дека семејството е првата институција, моделот кој детето ќе го пренесе во училишната средина.

- Треба да се истакнат оние семејни средини кои продуцираат насилници или жртви, каде имаме агресивно однесување и негово оправдување. Семејни средини во кои родители оправдуваат насилсното однесување, кои повредуваат или рануваат, семејни средини на родители кои премногу заштитуваат. Потоа децата имаат нулта толеранција на фрустрација и ги задоволуваат нивните желби, но не и потреби. Ако некој не постави граница на однесување, тогаш ќе нема безбедно детство за детето. - рече Петровиќ.