Петров за ТВ 24: Нам не ни треба Европската Унија по секоја цена

Андреј Петров член на извршниот одбор на СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека францускиот предлог во оваа форма е неприфатлив и нема да се прифати нешто што е на сметка на македонските национални интереси.

- Идентитетот и јазикот се основни обележја, а нам не ни треба ЕУ по секоја цена. Сакаме да продолжиме со разговори, да бидеме прифатени како и сите останати држави во ова големо европско семејство. А тоа не може да почива врз класични уцени, а ова е класична уцена од позивиа на сила. Немаме  проблем со предлозите на големите европски држави кои сакаат да го надминат спорот. Имаме проблем со непринципиелноста која постои и која е резултат на една уценувачка политика на Бугарија која нема да донесе ништо добро. - рече Петров.