Петров за ТВ 24: Добро е што граѓаните не ја губат довербата во ЕУ

Андреј Петров од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека има поместување во довербата во ЕУ и оттогаш 10% оди нагоре, иако парадоксално е дека граѓаните сметаат дека ЕУ е непринципиелна во однос на Македонија.

- Добро е што граѓаните не ја губат довербата во ЕУ. Правецот на државата не е детерминиран само од аспектот на ЕУ. Има и други аргументи кои придонесуваат граѓаните така да размислуваат. Оваа анета на Брима е исчекор во однос на она што беше минатата година. 11 години имавме модел во кој поранешниот премиер тврдеше дека ние треба ЕУ да ја донесеме во Македонија и дека работите сами ќе се средат. Тоа не се случи и гледаме каде заглавивме и граѓаните се свесни дека ниту поголема демократија и подобра борба со корупцијата, може да има со тоа то ќе ја оставиме ЕУ. Тоа е нашиот пат и нашата иднина е ЕУ и мора да направиме се да ја достигнеме таа цел и политичарите треба да направат отстапки на тој пат. - вели Петров.