Петров за тв 24: 2021 ќе биде година на заздравување на македонската економија
Foto

Петров за тв 24: 2021 ќе биде година на заздравување на македонската економија

Директорот на Фондот за иновации Коста Петров во 24 анализа рече дека мерките се прават консултативно, ќе бидат таргнетирани како и претходниот пакет и овие мерки ќе помогнат во рестартирање на македонската економија.

„Важно е да се види ефектот на она што го правиме. Жвееме во глобална криза и го дадовме макксимумот и ефектите се очигледни. Има разлика во економијата од вториот и третиот квартал. Ова е инклузивен процес. “ - рече Петров.

Петров рече дека се надева на силен рестарт годинава иако никој не може да даде точна проценка каква ќе биде економијата, но смета 2021 ќе биде година на заздравување. Петиот пакет на мерки е во финална фаза и во најбрзо може  рок ќе биде соопштен пакетот мерки. Тој истакна дека ќе се продолжи со финансирање и владата ја користи кризата за трансформац ија на економијата за да се постигне зацртаниот раст.

Дел од мерките се директно буџетски, а дел имаат финансиски импликации. Направивме ослободување на кредитна линија, воведовме царинска гаранција од три милиони евра, намалување на царински давачки, ставање во мирување на Законот за извршување, намалување на казнената камата, ослободување од ДДВ за донации, намалување на ДДВ во угостителски услуги, истакна Петров.

Тој меѓу мерките финансирани со буџетски средства, наведе дека само Ковид 1 имаше седум милиони евра, имавме 81,3 милиони евра за поддршка на плати, а беа опфатени преку 46 000 вработени, само во декември годинава, 50 милиони евра евтини кредити, субвенционирање на придонеси за април мај и јуни, 26,8 милиони евра имаше за купувам домашно, финансиска помоша за конкуретност, за социјални ранливи 24 милиони евра, награда за здравствени работници, поддршка за социјално ранливи категории, за производители на грозје седум милиони евра, 1,3 милиони евра за туристичките агенции.

0 Коментари

Остави коментари